Политика на приватност
ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Ги молиме корисниците внимателно да ја прочитаат оваа Политика наприватност, со цел да бидат запознаени како се користат податоците и информации што МОИ НАМИРНИЦИ ги собира од нив. Со пристапот или со користењето на оваа апликација, корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и дека се согласува со сите услови на Политиката за приватност и со начините на користење на апликацијата. Доколку корисникот не се согласува со овие услови, го молиме да не пристапува и да не ја користи оваа апликација.
СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ОД КОРИСНИКОТ
Кога корисникот ќе пристапи и ќе се вклучи кон оваа апликација, однего ќе бидат побарани одредени лични податоци. Ако корисникот не достави некој податок што е задолжителен за одредена активност, нема да може да ја користи оваа апликација. Со самото прифаќање на апликацијата се смета дека корисникот слободно и изречно се согласува со обработката на неговите лични податоци. Кога корисникот ќе ја посети апликацијата, МОИ НАМИРНИЦИ и/или неговите овластени даватели на услуги може автоматски да ги собираат неговите лични податоци, со помош на достапните електронски алатки.
ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
МОИ НАМИРНИЦИ ќе ги обработува и чува Вашите личниподатоци собрани преку апликацијата во согласност со Законот за заштита на лични податоци и со останатите важечки прописи во РМ. Вашите лични податоци нема да бидат неовластено откриени на трети лица. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно заисполнување на целта заради која се собрани. Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот,единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врзоснова на нивно барање или одлука засновани на закон.
ОБЈАВУВАЊЕ НА ДРУГИ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
МОИ НАМИРНИЦИ може да открие или да сподели другиподатоци и информации на корисникот со неговите соработници и со поврзаните друштва. На пример, може да ги сподели собраните демографски информации (што не вклучуваат информации што го идентификуваат корисникот) со трети лица, вклучувајќи и агенции заогласување, со цел преку употреба на мрежни ознаки да се обезбедат содржини и услуги за кои корисникот би бил заинтересиран, односно запостојано подобрување на квалитетот на нашите интернет страници. Појаснуваме дека не се работи за лични податоци на корисникот, туку само за информации за сумирани активности на нашите корисници.
ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИТЕ
МОИ НАМИРНИЦИ презема мерки на претпазливост за да гизаштити личните податоци на корисниците во согласност сопозитивните законски прописи. Со цел да обезбедиме тајност и заштитана личните податоци за субјектите, применуваме соодветни технички иорганизациски мерки за заштита од случајно или незаконско уништување на личните податоци, или нивно случајно губење, преправање, неовлaстено откривање или пристап и заштита од какви било незаконски облици на обработка во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Целокупната документација за софтверските програми за обработка наличните податоци и сите негови промени се евидентира и чува восогласност со Правилникот за техничките и организациските мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на лични податоци на Дирекцијата за заштита на личните податоци. За да се обезбеди сигурност на личните податоци на корисникот, истите се чуваат на сервер на кој можат да пристапат само лица кои имаат овластување за пристап, при што се врши енкриптирање на одредени чувствителни податоци и информации. Сепак, мора да се напомене дека ниту еден пренос на податоци преку Интернет или која било безжична мрежа не може да биде целосно сигурен. Како последица на тоа и покрај тоа што се преземаат разумни мерки за заштита на личните податоци, не може да се гарантира апсолутна заштита на која било информација пренесена на или од нашата апликација.
ИЗМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика за приватност може да биде изменета во кое било време со објавување на изменетиот текст на Политиката за приватност на оваа апликација. Измените на Политиката за приватност влегуваат во сила веднаш по нивното објавување. На секој корисник паѓа одговорноста периодично да ја прегледа Политиката за приватност и да ги прочита евентуалните измени. Продолжувањето на користењето на нашата апликација од страна на корисникот, по влегувањето во сила на таквите измени, подразбира дека корисникот ги прифаќа условите на изменетата Политика на приватност.
КОНТАКТ
Доколку имате какви било прашања во врска со заштитата на личнитеподатоци, Ве молиме да ни испрати електронска порака на адресата за заштита на личните податоци info@moi-namirnici.mk.